Ова ќе биде вашата најдобра авантура досега. Ќе се качуваме на вулкани, ќе пливаме под водопади, ќе снимаме и фотографираме, ќе се возиме со скутери низ оризови полиња, ќе пиеме кокос под палми, ќе посетуваме магични храмови и ќе се поврзуваме со Будизмот и Хинду религијата. 
Ќе го истражуваме островот и нема да спиеме во хотели со 5 ѕвезди, ова е Backpacking adventure, не е за размазени, ова е за љубителите на Indiana jones & uncharted авантурите.
Но, ќе имаме и одмор на островот Нуса Пенида.
Бали во Ноември, Декември, Јануари, Февруари
Во цената е вклучено:
Хотел, Авио карти, Виза, Трансфер (Аеродром - Улувату - Чангу - Убуд - Аеродром), Превоз до храмовите над и источно од Убуд.
Не е вклучено:
Јадење, пиење, скутер, влезници и дозвола за трекинг на било кој вулкан
15 дена ќе истражуваме, ќе се потиме, смееме и богатиме со култура.
Доколку патувате сами и ако делите соба со уште еден од патниците, ќе биде долунаведената цена, а доколку сакате да бидете сами, ќе мора да се доплати.
Цената ќе изнесува од 1950€
Програмата ќе биде објавена откако ќе се собере групата
ПРОГРАМА
Ден 1-4: Улувату
 • По слетувањето на аеродромот Нгурах Рај, директно заминување кон Улувату со комбе. 
• Посета на Храмот Улувату, спектакуларно сместен на карпа, со зајдисонце и традиционален Кечак танц. 
• Уживање на плажите Паданг-Паданг, Бингин и Сулубан, идеални за релаксација и сурфање. 
• Посета на Културниот парк Гаруда Вишну Кенчана, дом на масивната статуа на Вишну. 
Ден 5-7: Нуса Пенида 
Со брз чамец од Санур заминување кон Нуса Пенида. 
• Истражување на островот со мотор: 
• Келингкинг Бич – познат по спектакуларната карпа во форма на диносаурус. 
• Ангелс Билaбонг и Broken Beach – природни чуда со неверојатни погледи. 
• Релаксација на Crystal Bay, совршена за пливање и нуркање. 
 Две ноќевања на островот за да го истражите целосно.
Ден 8: Чангу 
• Враќање со чамец во Санур и трансфер до Чангу. 
• Разгледување на познатите плажи Бату Болонг и локалните кафулиња. 
• Посета на Храмот Танах Лот, сместен на карпа, еден од најиконските храмови на Бали. 
Ден 9-14: Убуд 
• Заминување кон Убуд, духовното и културно срце на Бали. 
• Посета на Терасите на оризот Тегалаланг, дел од светското наследство на УНЕСКО. 
• Разгледување на водопадите Тегенунган, Тибумана и Кантабампуранг. 
• Истражување на селото Панглипуран, познато по својата автентична балиска архитектура и традиција. 
• Посета на Свештената шума на мајмуните и Храмот Гоа Гаџах (Слоновата Пештера). 
• Ден за одмор и шопинг низ Убуд – познат по локалните пазари со рачни изработки, сребрен накит и уметнички дела. 
Ден 14: Аеродром 
• Трансфер директно од Убуд до аеродромот за лет кон дома.
Submit
Thank you!